Неповолната хидролошка состојба, сушните и исклучително топли периоди од една страна и лошата дотраена водоводна инфраструктура која во поголем број градови е стара повеќе и од половина век,предизвикуваат сериозни проблеми и огромни загуби на вода.Водите во Македонија се суво злато кое пресушува, граѓаните се почесто се соочуваат со жед. Бројките за загубите на вода,се застрашувачки.
”Загубите на вода се околу 63,2 % за жал се исклучително високи и тоа го отежнува работењето на цел овој сектор.Тоа знаете како е,да имате толкави загуби значи вашата инфраструктура е пред колапс.Затоа ние како регулаторна комисија за енергетика заедно со АДКОМ предлагаме да се промени концептот на носењето на цените на водните услуги и регулаторна комисија за енергетика да го има конечниот збор”-вели Марко Бислимоски- претседателот на Регулаторната комисија за енергетика
Според досегашната пракса,регулаторна дава предлог, а советите на општините ја определуваат конечната цена на водата која ја плаќаат граѓаните. Ислучително лошата состојба со загубите на вода во речиси цела држава се должи и на фактот што со години не се инвестирало во инфраструктурата,ценат експертите.Тие ја наметнуваат потребата од мапирање ивоведувањето системи за правење на подземен катастар.

“Во спротивно доколу ние не ги управуваме водоснабдителните системи, тие ќе не управуваат нас и тоа ќе биде на сметка и на крајниот корисник изразени преку повисоките сметки за услугите кои што ќе ги плаќаат, меѓутоа може да се случи во догледно време и со недостаток на обезбедување 24 часовно континуирано снабдување со вода за пиење.Овие системи се со така кажано изминат рок на траење и бараат итна потреба од нивна реконструкција и изведна на нови инфраструктурни објекти” вели Ѓорѓи Христов,советник во ГИЗ
Дури и крајезерските градови се соочуваат со недостаток на вода, во Струга загубите на вода се околу 61,7% а во Охрид потребите од водоснабдување се’ повеќе ги задоволува со испумпување на вода дирекно од Охридското езеро . Околу 30 % од водоводната мрежа е заменета со нова,години наназад во јавното водоводно претпријатие не само што многу малку се инвестирало во делот на технологиите ,туку се правеле катастрофални пропусти-цели згради буквално се направаени врз водоводни линии.
