Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет

Поради смена на судиите,одново почна судењето за спорната набавка на службеното луксузно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради смена на судиите,одново почна судењето за спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“,судски процес кој се влече од месец април лани.Новименуваниот судија го отфрли барањето на правните застапници на Мерко според кои ова кривично дело е застарено.

„Со оглед дека веќе претходно беше донесено решение од колешката  што го водеше предметот дека не се прифаќа приговорот, бидејќи расправата почнува од ново јас повторно ја донесов истата одлука бидејќи сметам дека има прекин на рокот на застареност.Од тие причини расправата ние ја отворивме и почнавме со изведување на доказите” рече судијата Јордан Јованов

Делото застарува во 2028-ма година,а струшкиот градоначалник се гони за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 служени возила меѓу кои е и луксузното ауди, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.Како сведок на одбраната се појави Нада Бојаџиева од државниот завод за ревизија.Ревизорскиот извештај од 2018-та година адвокатите на Мерко го толкуваат  дека немало незаконитост во постапката за набавката на возилото.Останите двајца сведоци не се појавија, едниот имал семејна слава, другиот наводно бил болен.Судијата напомна дека повеќе нема да ги толерира ваквите образложенија.

Реклама

„Да, бидејќи на што беше дадено не сметам дека се оправдани причини и согласно закон судор може доколку смета дека сведокот одбегнува да се појави да ја искористи механизам за негово доведување во судот” рече судијата  Јордан Јованов

Инаку,поради здравствени причини на обвинителот, беше одложено рочиштето за спомен плочата.Скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда го седна Рамиз Мерко на обвинителна клупа. Во обнителениот акт стои дека како градоначалник во март лани, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Двете судења продолжуваат на 9 април. Против  Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.