Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Нема салмонела во храната во беровската градинка , никој не кажува од каде и како се заразија 11 дечиња

Епидемиолозите не можат да откријат како 11 деца од Берово, кои биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епидемиолозите не можат да откријат како 11 деца од Берово, кои биле згрижени во детската гадинка „23 Август„ се затруле од салмонела. И последните анализи од земаните мостри од меленето месо, јајцата, пудингот и пилешкото се негативни. Од кочанскиот  Центарот за јавно здравје информираат дека со овие резултати не можат да потврдат дека бактеријата се ширела токму од градинката..

Сите анализи се негативни. Анкетите на заразените деца потврдуваат дека заедничка точка им е градинката. Сега понатаму епидемиолозите од Центарот за јавно здравје си имаат своја постапка кајшто ќе барат други можни извори на зараза. Ние немаме потврдено никаде извор на салмонела„ изјави Гоце Серафимов, директор на Центар за јавно здравје-Кочани.

Претходно, негативни резултати на присутво на салмонела покажаа и анализи од мострите земени од вработените и од површините во градинката. Бактеријата се појави минатата недела, а санитарни инспектори извршија вонреден надзор. Беше донесено и одлука кујната во градинката да биде затворена.

Реклама