Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Нема решение за хаосот на Клинички со хирушките сали

Притисокот врз двата хирушки центри Св.Наум Охридски и ГОБ “8-ми септември” е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот врз двата хирушки центри Св.Наум Охридски и ГОБ “8-ми септември” е се посилен.Медицинскиот кадар преморен а листата на пациенти кои чекаат операции  километарска. Колапсот со кислородните пумпи на Клинички создаде паника и нервози кај пациентите кои и онака со месеци чекале да се најдат на  листа за операција.

Дневно од 17 до 25 пациенти се оперираат само во стара градска болница. Слична е бројката и во хирушкиот блок во “8-ми септември”.Хирурзите се загрижени, затоа што работата секојдневно им се зголемува, а решение на проблемот од здравствените власти засега нема.

Oдложени се, не само на одделот за трауматологија, во целата болница се откажани сите елективни пациенти…за да можеме да излеземе во пресрет но побарувањето за итните пациенти кои доаѓаат од зела земја. Секој оддел си има списоци со листи на пациенти кои чекаат, но генерално, колку траело одложувањето толку ќе трае и периодот на надополнувањевели хирургот Небојша Настов, раководител на оддел на трауматологија во градска болница.

Реклама

Министертвото за здравство досега не изнесе конкретен план како ќе се надополнат пропуштените операции изминативе три недели…хирурзите пак уверуваат дека ќе издржат, за да им излезат во пресрет на пациентите.

Хирургијата е гранка што, за да се работи,и покрај стурчност бара и љубов.Мислам дека може да се издржи онолку колку што е потребно за да се излезе во пресрет на пациентите. вели др. Настов.

Директорот на болницата Љубен Арсенков неодамна побара дека потребни се дополнителен број на медицински сестри од Клинички,затоа што персоналот е преморен, но орагнизациската директорка вели дека барањето до МЗ било испратено,но сестри на испомош во хирушката болница нема.

Повеќе од дваесет дена хирушките сали на Клинички не работат. На траума и ортопедија од 6 сали функционираат само две со помош на надворешно компресори.