Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Нема поевтинување на парното за домаќинствата

Нема поевтинување на парното за домаќинствата. И покрај тоа што падна цената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема поевтинување на парното за домаќинствата. И покрај тоа што падна цената на гасот, според Бислимоски нема простор за пониски сметки.  Помалку ќе плаќаат само училиштата, градинките, малите дуќани, компании, јавни институции  и банки.  Ова е според последната одлука на Регулаторната комисија.  

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што цената на топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, пред се за деловните корисници, основните училишта, јавните институции, градинките малите дуќанчиња, ја намаливме за 35%. Значи нема толкав простор. Доколку би оделе кај домаќинствата би требало да влеземе во субвенциите. Субвенциите се веќе обезбедени, префрлени се на сметката на ЕСМ, и сите сметки до крајот на грејната сезона ќе ги субвенционира“, рече Бислимоски.

Бислимоски вели дека одлуката ја донеле заради намалените трошоци на природниот гас и дека цената кај потрошувачите е иста затоа што таа е за 75% пониска од онаа на деловните корисници.  

Реклама

Ако се задржат сегашните цени на гасот, на редовното објавување нови ценовници во јули може да се очекува поевтинување и за домаќинствата, вели Бислимоски.

„Ќе ја следиме ситуацијата и вообичаено во текот на јули како што правиме досега ќе донесеме нови одлуки за цената на топлинска енергија на домаќинствата“, рече Бислимоски

Бислимоски објасни дека во изминатите три години само домаќинствата добивале субвенции, додека деловните корисници самите го сноселе товарот од енергетската криза и дека сега е моментот да им се помогне.

Љубиша Владимиров