Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Нема пардон за трговците кои се богатат на грбот на граѓаните – Затворени маркети, аптека и увозници

„Клуч на врата“  за осум трговци. Три маркети, една аптека и тројца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Клуч на врата“  за осум трговци. Три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук меѓу субјектите кои ќе бидат затворени 15 дена поради тоа што ги прекршиле владините мерки за ограничување маржи и замрзнување цени. Покрај тоа што нема да работат две недели, тие ќе платат и парична казна

За 11 дена, односно од 24 февруари до 6-ти март, биле спроведени вкупно 365 инспекции при што биле констатирани 36 неправилности за кои има казни во вкупна вредност 42 илјади евра. Во моментов Пазарен анализира уште 30 предмети каде се опфатени сите големи ланци на маркети

Во меѓувреме во собранието се изгласа законот со кој сите трговци кои имаат над 10 вработени имаат обврска да ги објавуваат сите цени на своја веб страна. Ова ќе започне со примена од април бидејќи се уште трае моментот на прилагодување. Од пазарниот инспекторат се децидни, цената на рафт и цената која ќе биде објавена онлајн ќе мора да е иста, примената на законот ќе ја контролира инспекторатот, а за оние што нема да почитуваат ќе следуваат казни.

Реклама

Според директорот Стојкоски, треба да се почека за да се видат ефектите од законот за нефер трговски практики затоа што ограничувањата на рабатот, кој според законот мора да биде до 10 отсто се гледаат на годишно ниво

До крајот на април на сила се две мерки за намалување на цените. Со едната се ограничуваат маржите скалесто од 5 – 15 отсто за 100 групи производи, а паралелно со тоа се замрзнуваат цените на лебот, брашното, киселото млеко, јајцата, маслото и јогуртот. На терен контролираат 192 инспектори низ цела Македонија.