Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Нема опасност по населението во Батинци по излевањето на Маркова река

Поплавени куќи, улици, индустриски објекти. Откорнати дрвја, растурено ѓубре долж течението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поплавени куќи, улици, индустриски објекти. Откорнати дрвја, растурено ѓубре долж течението на Маркова река. Обилниот дожд кој наврна во Батинци, Студеничани и делови кон Пинтија, предизвика големо излевање на водата во овој дел на Скопје. Водата навлезе во домовите на локалните жители и им предизвика материјална штета. Надлежните веднаш реагираа, за да не дојде до поголема хаварија. Уверуваат дека жителите се безбедни. Цела механизација е на терен, a од  Дирекцијата за заштита и спасување ја испумпуваат водата од улиците. 

„Водата од Маркова река се повлече од куќите и улиците, но жителите од Батинци и Студеничани стравуваат дека ако врнежите продолжат може повторно да дојде до излевање на реката“.

Жителите апелираат освен редовно чистење на каналите, мештанатите да бидат совесни и да не фрлаат ѓубре во реката и околу неа.

Реклама

Градоначалникот на Студеничани, Садики, му се заблагодари на колегата од Кисела Вода, Ѓорѓиевски што веднаш дојде на помош ѝ посочи дека ќе помара помош и од Владата за санирање на штетите.

„Денеска почна да се нормализира состојбата, синоќа имаше многу големи наноси на Маркова река. Имаше поплавени неколку дворови, десетина куќи се поплавени. Ќе се обидеме и со наши сили и ќе бараме помош од владата да го решиме овој проблем“, изјави Азем Садики градоначалникот на Студеничани.

На терен излезе и сеизмологот Михаил Гаревски кој објасни дека излевањето не предизвикало голема штета и дека граѓаните можат слободно да го користат локалниот мост.

„Столбовите не се поместени, не се изместени, темелите не се оштетени, но има еден дел, не многу голем, распод кај што е плоцата, има една прснатина, која што повторно ќе потенцирам не е резултат на сегашната, да ја наречам поплава“, изјави сеизмологот Михаил Гаревски.

Во време на невреме градоначалничката на Скопје, Арсовска наместо да помогне, ги напаѓаше колегите преку фејсбук.

„Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител“, изјави Данела Арсовска градоначалниката на Скопје.

Ѓорѓиевски ѝ одговори дека времето ќе покаже кој ќе се збогува засекогаш од политичката сцена.

„Политичар се покажува кога е најтешко. Кога не се штедиш, кога не се криеш, кога не глумиш статуси, туку си таму, со луѓето во првите редови. Народот знае и времето ќе покаже, кој доѓа, кој заминува и кој ќе се збогува засекогаш од политичката сцена“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Допрва ќе се проценува материјалната штета која е направена по излевањето на Маркова Река.