Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нема да се затворат подрачните училишта во Прилеп, ниту наставник да биде без работа

Ниту едно 15-те подрачни училишта во општина Прилеп нема да се затвори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту едно 15-те подрачни училишта во општина Прилеп нема да се затвори, ниту пак некој наставник ќе остане без работа, нагласуваат од прилепската локална самоуправа од каде велат дека се подготвени за почетокот на новата учебна година. Сепак, останува проблемот со намалена бројка на првачиња, кои годинава се за 30-тина помалку од лани. 

-Ниту едно подрачно училиште во склоп на централните во општина Прилеп нема да биде затворено. Тоа е најбитно за населените места во Општината каде се задржува досегашниот начин на живот.  Нашата основна цел е да ги задржиме младите родители, младите луѓе да живеат во населените места , а со тоа да ги поттикнеме да функционираат, да работат од земјоделството, а преку производите да се подобрува економскиот капацитет на Прилеп. Нема загрозено населено место, продолжуваат да фунционираат сите подрачни на општинските училишта и со ова сметам дека оптимизацијата е одлично завршена. Со гордост можам да кажам дека во Прилеп ниту еден наставник нема да остане без работа, вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

По први септември ќе биде објавен јавен повик за еднократна помош на сите првачиња во висина од 3 000 денари. А бројот на првачиња за 30-тина е помал од лани, иако градските власти се надеваат дека ќе се ублажи бројката поради трендот на задоцнет упис и во нарените два месеца.  

Реклама

– Ниту еден наставник во моментов нема да биде отпуштен од работа. Ова година имаме над 510 првачиња. Од лани, околу 30 ученици има помалку. Но со оглед на тоа дека ќе се запишуваат дечиња и во наредниот период, сметаме дека нема да има некој голем пад на бројот на првачињата, вели Гоце Бумбароски, советник во општина Прилеп.

Во Прилеп се 10 основни училишта. Од нив седум се во урбана, а три се во друга средина.  Имаме околу 5 600 ученици кои ќе посетуваат настава од прво до деветто одделение. Наставата ќе се одвива во 333 одделенија- класови.