Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Македонија

Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, вели Мицкоски за членовите на Судскиот совет

Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето, вели премиерот Христијан Мицкоски за разрешувањето на членови на Судскиот совет, посочувајќи дека „ги гледаат сите овие законски можности“, но и дека „како Влада нема да правиме ништо што е спротивно на Законот и Уставот“.

Прашан за најавите за разрешување на членови  на Судскиот совет, Мицкоски посочи дека „ако само критикуваме, а ништо не преземаме, тогаш сме ја изневериле довербата од граѓаните“.

-Не ветивме, рековме дека тоа ќе биде една од мерките којашто ќе ја преземеме во борба на подобрување на работењето на судско-обвинителскиот систем во државава, бидејќи сите ќе се сложите, тоа е на екстремно ниско ниво од два проценти. Сега ние ако седиме на страна, и во публика само критикуваме, а ништо не преземаме, тогаш сме ја изневериле довербата од граѓаните, граѓаните очекуваат акција од нас, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за симулирање сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“.

Реклама

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет во Собранието ја отвори дебатата дали може бидат разрешени членовите на Судскиот совет избрани во Собранието. Претседателот на Собранието Африм Гаши изминатиот месец изјави дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието

-Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе бидат разрешени и така ќе оди назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање, рече Гаши.