Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Недела на македонската култура“ во Тирана од 7 до 13 април

Во албанската метропола, Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во албанската метропола, Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“.

Настанот ќе се организира по залагањата на в.д. амбасадорот на државава во Албанија, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ во Тирана, Емилија Попивода, и познатиот македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со претставници на Албанија од кои е добиена целосна поддршка.

„Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, како што е и познатата „Пирамида“, ќе има настапи од сферата на културата, промоција на познатото македонско вино и храна, туристички понуди за нашите убавини, кои секој треба да ги види и ќе посака повторно да ги посети. Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот „Народни херои“ ќе биде обоен во црвена и жолта боја, со илјадниците македонски знамиња“, потврдија за МИА од Македонската амбасада.

Реклама

Не го кријат задоволството што наишле на целосна поддршка од соговорниците, меѓу кои и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заменик-градоначалникот Анди Сефери, како и од Министерството за економија, култура и иновации.

„Поставивме одличен план за соработка во полето на културата меѓу двете земји, можности за културна размена и соработка меѓу уметниците. Со поддршка на Министерството ја започнуваме организацијата на манифестацијата „Недела на македонската култура во Албанија“. Задоволни сме што градот Тирана ја даде своја поддршка за македонските културни настани“, напиша Попивода во објава на социјалните мрежи.

Финансиската конструкција на оваа манифестација е 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.