Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Не шиеме кошули, туку спасуваме животи“, докторите од Струга бараат конечно да се изгради новата болница

Цели 13 години се ветува изградба на нова болница во Струга, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели 13 години се ветува изградба на нова болница во Струга, кој како седна на министерската фотеља во здравство уверуваше дека е обезбедена дури и локација на државно земјиште вдолж магистралниот пат Струга-Ќафасан. На терен во меѓувреме се изградија разни трговски центри и други објекти,но не и болница. Докторите мора да имаат соодветни услови за здравствена заштина на пациентите,вели директорот на струшката болница. Дел од објектите во старите и дотраени згради направени во 60-тите години и бараки каде што се сместени одделенијата се нефункционални,без просторни услови со амортизирана инфраструктура.И бидејќи нема ништо од најавите за нова болница, тој работите ги зеде во свои раце.

“Не постои повеќе јас колку што знам тој проект, јас можам да кажам кои се моите идеи.Имаме модуларна болница која не знам дали 3 или 4 во Македонија од тие модуларните ги имаат сите атести за работа,сите безбедносни процедури и мерки ги имаат поминато и потполно може да се стави во функција.Сега стои празна,иначе целиот шут од болницава стари железарии, расипани рендгени, кревети сето тоа беше изнафрлано”– вели д-р Владимир Бунчески,директор на Општа болница Струга

Во струшката болница врие од пациенти кои како да чекаат хотелска соба а не болнички кревет. Ние не шиеме кошули, туку спасуваме животи, велат докторите.На дел од одделенијата се изведуваат интервенции на многу тесен простор,буквално не можеме да се разминеме.Од министерството за зравство велат дека ќе се изгради нова болница,кога ќе дојде време за тоа.

Реклама

ТЕЛОП Министерство за здравство: “ Не е стопирана изградбата на болница во Струга,но за 2025-та во план е доизрадба на болницата во Кичево која почнала да се гради во 1998-ма и штипската која почналa со графба во 2011-та,но уште не е завршена.Тие две болници да се изградат па потоа ќе се  рамислува за изградба на нови болници во 2026-та година”

Во модуларната болница на почетокот на идната година ќе биде префлено ифективното одделение,интерната дневна болница иамбулантите за гастроентерохепатологија.Старите амбуланти ќе се срушат, а на тоа место ќе се изгради хируршки блок.

Инаку,во изградбата на новата болницата многумина препознаваат вносен бизнис бидејќи според најавите на локалната власт, за истата инвеститорот нема да плати нити денар комуналии, а без пари ќе го добие и земјиштето на постојната болница во центарот на Струга.

Росица Голабоска