Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Не секој спор со лекарите мора да заврши на суд – МЛД прелдага воведување на медијација

Навреди, притисоци, закани, па дури и физички напади – лекарите се почесто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди, притисоци, закани, па дури и физички напади – лекарите се почесто се соочуваат со насилство на работното место. Но, не е само насилството, лекарите се се повеќе погодени од обвинувања за лош третман и лекарски грешки.Решението, велат од Македонското лекарско друштво, не треба секогаш да завршува во судница. Наместо секој конфликт меѓу лекар и пациент да прерасне во судска постапка, се предлага формирање група од лекари и медијатори, кои би посредувале во ваквите ситуации. Целта е конфликтите да се решаваат навреме, пред да ескалираат, но истовремено да се знае дека вршењето било каков вид на насилство има последици.

„Во изминатите години, сведоци сме на настани во кои лекарите при вршењето на својата работа се обијект на напади, вербални и физички. Со цел да ја подигнеме свеста кај сите учесници во овој процес, затоа што без безбедност на лекарите не може да постои ни безбедност на пациентите“, изјави – Атанас Козарев, директор на Асоцијацијата за корпоративна и дигитална безбедност, Скопје.

Проблемот не е мал, покажуваат податоците од Лекарската комора. 78 проценти од лекарите кажале дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, над 60 проценти се соочиле со вербално, а околу 7 проценти со физичко насилство. Уште позагрижувачки е што речиси 70 проценти од нападите воопшто не биле пријавени.

Реклама

„Особено е важно и поврзано со медијацијата како алатка за мирно решавање на спорови, кои што настануваат во многу области. Меѓу кои во 2021 година во материјалниот закон во законот за медијација, се спомнува и областа на заштитата на безбедноста и на здравјето при работа“, вели Љупчо Сотировски, национален координатор за медијација.

Пораката од лекарите е јасна – заштитата не треба да започне дури откако ќе се случи нападот. Потребни се механизими за навремено смирување на конфликтите, но и јасни последици за оние кои ќе ја преминат границата.