Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Не било само на „Телеграм“- постоеле уште три македонски „јавни соби“ на затворена интернет мрежа

„Телеграм“ ја затвори „Јавна соба“, но оваа група не е единствена каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Телеграм“ ја затвори „Јавна соба“, но оваа група не е единствена каде што се споделуваа експлицитни фотографии и видео материјали од македонски девојки, добар дел од нив и малолетни. Фотографии, видеа, со идентитет и без идентитет осамнувале во уште најмалку три групни посветени на Македонки, меѓу нив и позната водителка и други јавни личности. Групите беа на сајтот „волафајл.орг“, но тие биле деактивирани, една откако според нашите информации, еден полицаец си ја препознал својата сопруга.

Волафајл е светски познат сајт, каде во чет не можете да влезете доколку не добиете линк од некој кој веќе е дел групата. Тематиката е ширење на експлицитен материјал, најчесто од девојки. Покрај македонските т.н. соби, таму има уште многу групи од различни држави, дел брзо се деактивираат, но има и такви кои доста долго време опстојуваат. Една од тие која се уште е активна е и собата каде се објавуваат фотографии од девојки од просторите на поранешна Југославија, за која е потребен пасворд да влезете.

Дел од познавачите изразуваат сомнеж дека ваквите групи се користат за регрутација за трговија со девојки. Сепак фотографии во овие групи објавуваат и млади деца, чие размислување сигурно не оди во таа насока. Се поставува прашањето зошто нашето општество е доведено во ваква ситуација. Од невладината ХЕРА, вината ја бараат на повеќе места, како што се погрешни системски решени и лошиот образовен систем во државата.

Реклама

-Ако барате виновници, не ги барајте кај младите. Нивните однесувања се резултат, односно последица на лоши системски решенија, образовен систем и игнорантноста на „возрасните“ за нивните проблеми. За жал, насилството не започна, ниту пак ќе заврши со постоењето на оваа група. Сведоци сме на секојдневни инциденти и различни форми на насилство кај младите кои им оставаат траги за цел живот и им влијаат на нивниот психофизички развој… Ова е само уште еден знак дека под итно треба задолжително воведување на сеопфатно сексуално образование, велат од Хера.

За разлика од „Телеграм“ идентитетот на оној кој ја направил или е дел од групата на „Волафајл“ е многу потешко да се дознае, бидејќи не бара за да се биде таму не се бара никаква регистрација. За „Јавна соба“ веќе се знае дека покрај млади имало и лица на во поодминати години, додека за „Волафајл“ можеме само да претпоставуваме. Исто меѓу нив две е што и таму и таму завршуваа материјали кои сериозно може да го нарушат психичкото здравје на девојките кои се нашле таму. Ана Битољану од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во разговор за Алфа, ги повикува сите девојки кои се нашле во ваква состојба да побараат стручна помош, вели последиците може да бидат доста негативни.

-Да побараат стручна поддршка и помош. Начините на влијание може да бидат од повлекување во себе, до потполно на некој начин негативна изложеност кај децата. Така што не би требало воопшто да биде занемарливо. Истовремено не препорачуваме ниту криење, ниту повлекување, туку на одреден начин без обиди за стигматизација, справување со ова, вели Битољану за Алфа.

Исто како и во „Јавна соба“, според нашите информации и во групите на „Волафајл“ биле објавени голем број фотографии и видеа со експлицитна содржина од македонски девојки. Разликата меѓу двете платформи, е во тоа што групите на „Волафајл“ имале многу пократок рок, за разлика од онаа „Телеграм“, во која имаше и многу повеќе членови, чиј број од ден во ден се намалуваше откако истата стана позната во јавноста.

Матеја Петровски