Се покажа дека Бугарија и натаму од петни жили ќе се бори да го блокира патот на Македонија кон Европската Унија и дека не се само уставните измени ТИЕ што ја кочат Македонија. Обидите на источниот СОСЕД за оспорување на македонскиот национален идентитет ќе продолжат и во иднина, затоа Македонија мора да се држи до црвените линии. Извештајот од кој беше избришан македонскиот идентитет и јазик покажува дека европската демократија се разнишува и потребно е итно земјите членки да се вратат на шините на европските вредности. Според експертите, Унијата мора да го зачува кредибилитетот, а деккларативната поддршка да се покаже и на дело.
Се покажа дека на Бугарија, не и се целта само уставните измени туку целта е друга, го негира македонскиот идентитет, што нема никаква врска со Копенхагенските критериуми, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.
Но, сепак, и покрај тоа што извештајот беше изгласан без формулациите „македонски идентитет и македонски јазик“, борбата и проактивната дипломатија на власта мора да продолжи. Да се негуваат односите со земјите членки кои ни се пријатели, а со Бугарија да се обидат да воспостават подобри релации за да се најде соодветно решение.
Сепак, и покрај се, може да се извелече нешто позитивно од сите случувања во ЕП. Се покажа дека на дипломатски план, владата води борба, и затоа треба и понатаму да негува добри односи со земјите од ЕУ кои ни се пријатели. Што се однесува до Бугарија, потребно е на некој начин да се воспостават добри односи, колку што е можно, да се најде некое решение. Сепак, од нашето членство, сите земји ќе имаат корист, додава Наумовски.
Бугарија успеа во својата мисија, во срцето на Европа да го минира извешатјот со македонскиот јазик и идентитет во него, а најголем дел од европратениците го дозволија тоа. Известувачот Томас Вајц по гласањето порача дека некои бугарски европратеници го киднапирале извештајот за домашни политички цели.
Негирањето на националноста, јазикот и културниот идентитет на еден народ претставува директно кршење на основните европски вредности врз кои почива Европската Унија – почитување на различностите, човековите права и достоинството на секоја нација.

