Реклама
Македонија

Наумовски: Бугарија е се уште во предизборна кампања – мора да се создадат услови за надминување на спорот

Конзистентниот став на премиерот дека нема да потклекне под ултиматумите и уцените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конзистентниот став на премиерот дека нема да потклекне под ултиматумите и уцените и дека уставни измени се можни само ако бидат со одложено дејство, и пречат на новоформираната политичка влада кај источниот сосед.

Тоа според експертите е очекувано ако се земе предвид фактот дека во Бугарија политичарите уште се однесуваат како да се во предизборна кампања. И додека Скопје повеќе се насочува кон спроведување на реформи, напредок кон ЕУ но со штитење на националниот идентитет, од официјална Софија стигнуваат критики за реториката на македонската влада. Упатените се децидни дека атмосферата во Бугарија мора да се промени и да се создадат услови за разговор што ќе помогне да се надминат пречките.

Иако во Бугарија има политичка влада, се чини дека изборната кампања не е завршена. Се натпреваруваат кој ќе фрли поголеми неосновани критики до македонската влада. Фокусот на владата е преставување на нашите интереси пред европските партнери, но остануваме посветени на онаа евроспска вредност, заштита на идентитетот и чување на заедничките а не индивидуални интереси. Треба Бугарија повеќе да се посвети на проектите кои ја подобруваат нашата билатерална соработка, со што ќе покаже дека го поддржуваат патот на Македонија кон ЕУ. Вака ако продолжат со оваа реторика, многу е тешко да веруваме дека ќе се создаде атмосафера за да разговараме за надминување на пречките. Огромното мнозинство за владата ги ограничува сите тие можности за таа рамка, мак влада е избрана да го одржува тој став што беше дел и од предизборната кампања. Ќе останат доследни за заштита на националните интереси и предлог за уставни измени со одложено дејство.Ако имаме една подобра атмосфера ќе се надеваме на изнаоѓање решение, вели поранешниот вицепрмеиер за евроинтеграции Наумовски.

Реклама

Според Наумовски, Македонија мора да има јасна перспектива, како ќе се води целиот евроинтегративен процес, бидејќи до сега земјава направи многу компромиси, кои немаа резултат.

Атрактивноста на ЕУ кај земјите од ЗБ е намалена. Ако немаме една опиплива перспектива, не може да се очекува Македонија да прави натамошни компромиси, имајќи предвид дека сите компромиси кои ги направивме во минатото, немаа резултат, додава Наумовски.

Ставот на македонската влада, што се базира на одложено дејство за уставни измени, и понатаму е неразделен од заштитата на националниот идентитет. Оваа позиција наидува на жестока реторика од Бугарија. Последната реакција се однесуваше на логичната споредба на премиерот зошто Албанија не е условувана да ги стави Бугарите во Уставот, ако таму, според пописот, има поголемо бугарско малцинство отколку во Македонија?

Овие изјави на Христијан Мицкоски, бугарското МНР, и дел од политичките фактори таму ги квалификуваа како провокација.

Според многумина, тоа што најмногу го боли новото бугарско државно раководство е што македонската влада не попушта од својот став дека уставни измени се можни само со одложено дејство, став за кој Европскта Унија засега е воздржана, но не го одбива.