Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Насилство од најрана возраст – алармантен пораст на инциденти со малолетници

Деца на четири и пет годишна возраст почнуваат да манифестираат насилство-шокантни се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деца на четири и пет годишна возраст почнуваат да манифестираат насилство-шокантни се статистичките податоци кои ги пласираа психолозите.Старосната граница се спушта, врсничкото насилство расте до таа мера штодобива повеќе од загрижувачки размери. Насилството кое најчесто се јавува во основните училишта, се сели и надвор од училишните дворови дури и во градинките.Полициските билтени се полни со инциденти,забележани се тепачки, каде ученици се изложени на говор на омраза и омаловажувања.Експертите алармираат на итно координирано дејствување на институциите, училиштата и семејствата,оти децата буквално ги испуштивме од раце.

 Сите ние сме виновни условно кажано,бидејќи секој на некој начин носи дел од нашата одговорност и затоа не е добро дури не е својствено да се лоцира индивидуа или институција или систем.Секој на свој начин носиме одредена вина и тоа треба да го признаеме и да бидеме самокритични и да почнеме да ја промениме нашата реалност.Но она што е посебно важно, не смееме да бидеме неми кон ситуации кои што се случуваат”-вели др. Љупчо Кеверески-универзитетски професор

Запоставување на одредни настани кои  се случуваат секојдневно, нивното маскирање, задоцнето делување и игнорирање ги загрозува најмладите.

Реклама

 “Таа тријажа од родители,училиштето,семејството,се повеќе гледаме дека во некои моменти се одалечуваат родителите од децата, за што придонесува целата социјално-економска состојба. Се повеќе им се верува на врсниците, отколку на родителот.Оваа работа не е изолирана нити инцидентна и може да трае подолго време”-вели Анастасија Настеска-психолог

Охридската полиција во период од година и пол регистрирала 47 кривични и прекршочни дела сторени од 29 малолетни лица. Во однос на прекршоците, регистрирани се 34 извршители, малолетни лица, кои сториле 24 прекршочни дела.

 “Овие бројки сами по себе кажуваат дека имаме рапиден скок на малолетници кои се сторители на кривични и прекршочни дела и тоа беше за нас аларм повеќе.Mеѓуврсничкото насилство е сериозен проблем со кој се соочува целото наше општество”-вели Стефан Димоски –претседател на ИПА

Последниот инцидент во Охрид се случи пред една недела и тоа на улица пред зграда два часа пред полноќ по меѓусебна расправија, 16 – годишник физички нападнал 14 – годишник.Секој треба да превземат одговорност велат експертите,почнувајќи од родителите до наставниците и училиштата за да се намалиова девијанто однесување кај малолетниците кои навршиле едвам десет до петнаесет години.