Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Економија

Народната банка: Разгледани најновите макроекономски показатели – ефекти врз поставеноста на монетарната политика

Советот на Народната банка ги разгледа најновите макроекономски показатели, според кои домашната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Народната банка ги разгледа најновите макроекономски показатели, според кои домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување, а најновите показатели за домашната економска активност засега се малку поповолни.

Како што соопштуваат од Народна банка, расположливите високофреквентни податоци на страната на понудата упатуваат на забрзување на економскиот раст во вториот квартал при силен раст на градежништвото, раст на индустриското производство и реалниот промет во угостителството и при стабилни движења кај вкупната трговија.

– Инфлацијата забавува и е во рамките на очекувањата на Народната банка. Ризиците од надворешното окружување и натаму се оценуваат како неповолни – стои во соопштението.

Реклама

Се посочува дека на крајот на јуни 2026 година нивото на девизните резерви изнесува 4.936,4 милиони евра и се одржува во сигурната зона. Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност, при што кредитната поддршка е посилна од очекувањата.

– На седницата Советот ја донесе одлуката за водечкиот број на давателите на платежни услуги и стандардите за конструкција на платежните сметки, со која се унапредува постојната регулативна рамка во согласност со развојот на платните системи и примената на меѓународните стандарди и се врши нејзино хармонизирање со стандардите што се применуваат во областа на СЕПА – велат од Народната банка.

Во соопштението се нагласува дека важна новина е задолжителната употреба на стандардот ИБАН како единствена идентификациска ознака на платежната сметка при извршувањето на националните платежни трансакции.

– Од 1 ноември 2026 година националните платежни трансакции ќе се иницираат, ќе се обработуваат и ќе се извршуваат со користење ИБАН, со што се обезбедува усогласен и стандардизиран начин на идентификација на платежните сметки во националниот и во прекуграничниот платен промет – додаваат од Народната банка.