Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

🎥 Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

Поповолни кредити за купување прв стан – Народната банка размислува да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поповолни кредити за купување прв стан – Народната банка размислува да се креираат мерки со кој ќе им се олесни на граѓаните да го решат станбеното прашање, особено младите брачни парови кои со овие цени не можат да дојдат до сопствено живеалиште. Цените на становите вртоглаво растат, а проценката на гувернерот Трајко Славески е дека тоа веројатно се должи и на тоа што се купуваат станови кои остануваат празни со цел да се продадат подоцна со повисока цена. Од друга страна според анализите на Народната банка, половината од становите се купуваат во готовина, што создава притисок врз побарувачката и дополнително ги зголемува цените. Токму затоа Народна банка ќе предложи мерки до банките кои нема да ја нарушат стабилноста на банкарскиот сектор.
„ Најважна цел којашто си ја поставивме, а којашто произлегува и од мандатот на централната банка и е од општествен интерес, е да видиме како да се поттикне или да се овозможи поповолно кредитирање за објекти за живеење коишто се купуваат за првпат и ќе служат за живеење, затоа што е познато дека една третина од постојниот фонд на станови кај нас се празни“, вели гувернерот Трајко Славески во интервју на Newsmax Balkans.

Славески во интервјуто посочи дека за да го намалиме јазот со ЕУ економијата во Македонија треба да расте по 5 – 6 отсто годишно. Во моментов БДП на Македонија по глава на жител е 42 % од просекот на ЕУ. Клучот за забрзан раст, односно за да се надминат потенцијалните 4 % е во структурните реформи и во инвестициите во образованието, здравството и инфраструктура но и во човечки капитал.

. „Ако успееме да остваруваме раст од 5 или 6%, што е амбициозно, но остварливо, ќе можеме значително побрзо да ја постигнеме економската конвергенција со ЕУ“, изјави Славески.
Инаку првиот квартал Македонија го заокружи со раст од 3 % а според Славески се должи на агрегатната побарувачка, личната и јавната потрошувачка и инвестициите. Податоците за вториот квартал се очекуваат во септември, но актуелните показатели за раст на индустриското производство и за раст на извозот се охрабрувачки и доколку продолжат позитивните трендови дома, а не се случат глобални поместувања на пазарот може да се надмине и проекцијата.