Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

„Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на „Ековита” против депонија во Неготино

Регионалното здружение „Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на граѓанското здружение „Ековита” од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионалното здружение „Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на граѓанското здружение „Ековита” од Неготино за одржување референдум против изградба на депонија близу неготинското село Пепелиште.

-Ги поддржуваме во заложбите против изградба на депонија зашто тквешкиот регион е познат како добар лозаровинарски крај. Се плашиме дека евентуална изградба на депонија може да има негативни последици врз лозаровинарството. Се залагаме за чиста животна средина и органско производство, рече денеска претседателот на здружението, Трајче Кулев.

Претседателот на „Ековита”, Сашко Тодоров нагласи дека продолжува собирањето 3.200 потписи, по што ќе следува референдум по ова прашање.

Реклама

-Досега имаме собрано 2.800 потписи и сигурни сме дека ќе го собереме потребниот број, по што ќе одиме на референдум. Целта е никогаш овде да не се гради таков објект. Велат дека се работи за инертен индустриски неопасен отпад, но ние се сомневаме во тоа, стравуваме за здравјето и животната средина, нагласи Тодоров.