Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Наместо Мерко, стружани сами поправаат мост на Дрим

Крајно небезбеден,највисокиот мост на реката Дрим во Струга претставува опасност за секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крајно небезбеден,највисокиот мост на реката Дрим во Струга претставува опасност за секој минувач. Изграден пред една деценија сега секој чекор по мостот буквално претставува ризик,оти на одредени места воошто нема штици,тие се искршени зјаат дупки во кои посебно децата лесно можат да настрадаат. Тие во лето од мостот послан со шајки кои висат на сите страни,скокаат во речните води. Локалната струшка власт без грам одговорност,не мрда но прст да го санира мостот пред да се случи трагедија.Работата во свои раце ја зедоа петмина стружани кои волонтерски го санираат мостот.

„Значи ова е навистина алармантно, станува збор за општа опасност која што само прашање на време е кога ќе земе недај Боже некоја жртва,а сигурно повредени има многу. Ова е навистина резултат на една долготрајна негрижа, ваквите дрвени конструкции треба да бидат третирани со намази, треба да бидат заштитувани од надворешни влијанија. Како што гледате овај мост како што е поставен не е апсолутно ништо инвестирано во него и е општа опасност за секој минувач” –вели Коста Хјохи-граѓански активист

И не е проблем само површинската констукција,мостот буквално трули,ако не се превзема мерки за негова итна санација стружани стравиваат дека може да се сруши.

Реклама

Се работи за еден посериозен проблем, односно веќе можеме да видиме дека самата конструкција на мостот почнува да затрулува.Не е безбеден пристапот преку овој мост особено што сега е летна сезона и сведоци сме на групи туристи кои што доаѓаат. Овој мост е атракција, нависок мост на речното корито на Дрим и сакаат туристи да ја видат Струга и од оваа перспектива, но тоа го прават на еден сопствен ризик“, вели Глигорие Ќатоски-граѓански активист

Граѓаните кои секојдневно минувам преку мостот се прашуваат  зошто до ден денес никој не превзел никакви дејствија со оглед на фактот што го користи и добар дел од општинската администрација, а на Мерко му е пред нос. Кој ќе понесе одговорност ако се случи немил настан ?

 „Виновен ќе е тој што поминал преку мостот, на тоа се сведува како што беше со модуларната болница виновен е кабелот и такви незгоди кои се случуваат во Македонија.Правиот виновник не одговара се некој друг е виновен”, вели Ѓоко Томоски-стружанец

Граѓанските активисти кои со сопствен алат,рачно го менуваа и коваа новите штици случајот го пријавиле и во ЦУК. Добиле ветувањее дека ќе излезат на лице место и ќе дадат насоки до Оштина Струга да превземе неопходни мерки за да се овозможи безбеден премин по мостот,во спротивно да се забрани минување по истиот. Апелираат надлежните да направат се да се задржи овој мост,кој е препознатлив белег на Струга.