Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Економија

Наместо 20% поврат на ДДВ, македонските производи напишани како странски

Наместо 20, ќе добијат само 10% поврат на данок. Бурни реакции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо 20, ќе добијат само 10% поврат на данок. Бурни реакции во јавноста откако министерката за финансии Нина Ангеловска се пофали дека наместо 15, ќе се враќаат 20% од ДДВ-то на купените македонски производи и услуги. Граѓаните велат дека дуќанџиите не ги почитуваат прописите. Фискалните каси не им биле наштелувани како што треба, па дури и онаму каде што има доказ на етикетата или амбалажата дека се работи за производ од домашно потекло, тој на фискалната сметка е обележан како увезен, па за него ќе се вратат помалку пари како поврат на данок. Вакви случаи има многу. Граѓаните се жалат дека само една третина од купените македонски производи, а некогаш и помалку се обележани како домашни.

Инаку властите на големо се фалат како овој потег ќе ја стимулира потрошувачката и ќе го покрене домашното производство. Од друга страна, повратот за странски производи се намалува од 15 на 10%. Останува опцијата, на секој да му се вратат максимум 1.800 денари за 3 месеци.

„Речиси 300 илјади граѓани ја користат МојДДВ кои додека остваруваат право на поврат на ДДВ даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои ги донесовме, со кои даваме поголем поврат за купување домашни производи се надеваме дека повеќе луѓе ќе се приклучат во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувување на работните места на нашите сограѓани“ – вели Нина Ангеловска, министер за финансии.

Реклама

Голем дел од граѓаните се пожалија и дека не добиле поврат на ДДВ кој им следува за првите три месеци. Исплатата на овие пари почна во мај.

Од друга страна, многу од оние што скенираат сметки поради, според надлежните, техничка грешка во мобилната апликација го донираа повратот на данок и покрај тоа што не ја одбрале таа опција. Дури пред една седмица, УЈП ја надгради апликацијата со можност граѓаните да можат да се откажат од донацијата. Парите на сметките треба да им легнат најдоцна до крајот на јули.

Тања Попова