Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Намален бројот на одобренија за градба

– Во  јули  2026 година се издадени  367 одобренија за градење, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во  јули  2026 година се издадени  367 одобренија за градење, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за  74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци. 

Реклама

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10.6%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 367 објекти, на 209 (56.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440  м2.