Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

НАкС незадоволни – Владата не одговора на нивните барања

Независниот академски синдикат ги бара 10-те отсто покачување итно. Апелираа до спикерот…

Сподели:

Независниот академски синдикат ги бара 10-те отсто покачување итно. Апелираа до спикерот Џафери, но прашањето не беше ставено пред пратениците до распуштањето на Собранието. Му пишаа и на Спасовски  но и оттаму молк.
Алармираат дека во високото образование со години се негува висока корупција. Тврдат дека Универзитетите кои се во блиски односи со власта имаат можност да го зголемуваат академскиот кадар, додека оние кои немаат, исклучени се од таа можност.

 

  • Оние универзитети, факултети, институти кои се во блиски односи со одговорните од структурите на власта, од различни причини, добиваат согласности за вработување ..- изнајави проф.д-р.Маја Стевановиќ

 

Реклама

Од друга страна, факултетите мораат да примаат повеќе студенти за да си ги обезбедат платите.

 

  • Нашите решенија се: под итно да се воспостават критериуми за финансирање, генерално на универзитетите и на научните институти, тоа е едното, а во поглед на платите предлагаме колективен договор..  – рече професорката Маја Стевановиќ

 

Средствата за образование имаат постојан тренд на намалување во последниве години. Од 4,4% од БДП во 2010 година е намелен на 3,5 % во 2018 година. Во надолен тренд се и средствата кои се вложуваат во високото образование, споредено со  2010 година каде 1,1% од БДП се вложувале во високото образование во 2018 година се сведени на 0,8% покажуваат истражувањата на синдикатот .

Кон крајот на минатата година, министерот Адеми се согласи за покачување на платите во високото образование во висина од 10%. Потоа следуваше директни услови да се формира нов синдикат, настрана од СОНК, со кој би потпишал колективен договор ако професорите сакаат 10 проценти покачување.

Викторија Миткова