Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Балкан

Наезда на стаорци во Сараево!

Сараево се соочува со сериозна здравствена и комунална криза, откако е прогласена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сараево се соочува со сериозна здравствена и комунална криза, откако е прогласена епидемија на лептоспироза, позната и како „стаорска треска“.

Оваа опасна болест, која се пренесува преку урина или измет од заразени глодари, предизвикува симптоми како главоболки, болки во мускулите, крварење во белите дробови, жолтица и во најтешките случаи – бубрежна инсуфициенција.

Во последните 24 часа, најголемата болница во земјата пријавила 12 нови случаи на лептоспироза, а вкупниот број на заразени во регионот на Сараево достигна 43 . Здравствените власти алармираат дека ситуацијата е резултат на неуспешни тендерски постапки за дератизација и санитарна заштита, кои не се спроведувале во последните две години.

Реклама

Градот е преплавен со стаорци, особено во близина на реката Миљацка и јавните површини, каде што се забележуваат преполни контејнери и нерегуларни депонии. Граѓаните споделуваат фотографии на социјалните мрежи, изразувајќи загриженост за состојбата во која се наоѓа нивниот град.