Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Надпросечно топло лето и зголемен ризик од суша во Македонија

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во месецот август.

Според анализите за летото 2026 се очекува температурите да достигнат надпросечни вредности на глобално ниво, не само во Југоисточниот дел на Европа. Надминувањето на температурите може да достигне и 3 степени речиси на целата територија на Македонија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во месец Јули.“- вели Александра Стевков, раководител на одделение за климатологија и климатски промени во УХМР.

Според последните анализи во наредниве месеци Македонија ќе биде погодена од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.

Реклама

Земајќи ги во предвид досегашните анализи климатски промени дополнително го засилуваат влијанието на условите на Ел Нињо со што се зголемува веројатноста за појава на екстремни временски настани како топлотни бранови, суши и пожари. Од друга страна пак долготрајните периоди без врнежи создаваат услови за појава на екстремни поројни дождови и поплави што ја нагласува непредвидливоста.“- вели Стевков.

Токму овие информации ги потврдуваат и истражувањата на Центарот за климатски промени. Од таму укажуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се се повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

Во Македонија, најголем дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион се оценети како ранливи на суша, со особено чувствителни подрачја како Скопската и Штипската котлина и Овчеполието. Ова укажува дека се потребни локално прилагодени решенија и поголема отпорност на заедниците.“- овјавуваат од Центарот за климатски промени.

За полесно да се препознаат ризиците и да се преземат поефикасни мерки за заштита од сушните периоди, од центарот развиваат алатка за проценка на климатските промени. По повод 17ти јуни – Светскиот ден за борба против опустошување и суша, невладините организации и надлежните се едногласни – алармираат за интен институционален одговор и адаптација, а на граѓаните им препорачуваат да ги следат краткотрајните временски прогнози кои ги издаваат.