Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Надлежните си ја префрлаат топката за опасниот медицински отпад

Ден по скандалот за несоодветно третираниот медицински отпад кој бил носен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ден по скандалот за несоодветно третираниот медицински отпад кој бил носен на Дрисла, скопската депонија ги отвори вратите за јавноста. Медиумите влегоа кај печката каде се согорува опасниот отпад од болниците, но затекнаа неочекувана слика. Расфрлени епрувети со крв буквално под нозете на новинарите. За надлежните немало ништо невообичаено, оти печката била оградена, а тука влегувале само овластени лица.

Градскиот татко Шилегов повторно се правда – вели не криел за скандалот за кој неговите инспектори знаеле уште пред два месеци. Прстот го впери кон обвинителството, од каде вели немало реакција.

„Град Скопје не чекал. Ние веднаш пријавивме во надлежното обвинителство. Дали и зошто не била покрената постапка, таму прашајте“, вели Шилегов.

Реклама

Надлежните креваат раменици – никој не знае кој е виновен за лошото складирање и транспорт на опасен медицински отпад кој ја згрози јавноста. Првиот екологист Нуредини и покрај сериозноста на проблемот, не стигнал да ги разгледа документите од вонредниот инспекциски надзор.

„Само што го добивме извештајот. Се уште не сум ги видел деталите“, рече министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Неговиот заменик Макрадули, утрово најави санкции за фирмите кој непрописно транспортирале отпад. Нуредини, ниту пет часа подоцна не знаеше што кажал Макрадули.

„Министерството прави редовни и вонредни контроли и никој нема да биде толериран“, рече Макрадули.

„Не сум се видел денеска со заменикот. Попладне ќе имаме координација“, вели Нуредини.

Првиот човек на надлежниот Државен инспекторат, наместо да посочи чија била грешката, ги искара градските власти. Праша кој му дозволил на Шилегов да прави надзор над работата на компанијата што работи со дозвола од Министерството?

„Прашајте ги како влегле таму. Тие немаат ингеренции да вршат надзор над таа фирма“, вели Хусни Тачи од Државниот инспекторат за животна средина.

И додека надлежните како раштиман оркестар си ја префрлаат вината, јавноста е во паника. Останува неизвесно дали некој ќе сноси последици за опасниот медицински отпад кој несоодветно бил транспортиран низ скопските улици до крајната дестинација – скопската депонија Дрисла?

Биљана Божиновска