Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Надлежните во Охрид мобилизирани за проверка на хидрантската инфраструктура

Децениската градежна експанзија во центарот на Охрид, тешко пристапните локации и патишта,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децениската градежна експанзија во центарот на Охрид, тешко пристапните локации и патишта, нефункционалната внатрешна хидрантска мрежа во станбените објекти, градбите без противпожарни скали за евакуација, ја зголемуваат опасноста од пожари. Посебно е критична состојбата во стариот дел на градот со збиена архитектура каде поради несовесно паркираните автомобили по тесните улички, нема простор за интервенти возила-алармираат пожарникарите.

„Ако настане пожар може да биде катастрофален во тој дел од градот, затоа го упатив и овој апел, граѓаните да бидат свесни каква катастрофа може да се случи знаејќи дека во тој дел имаме и културно историски споменици од непроценливо значење. Хидрантската мрежа може 30 години не е обновиена, не е проверена и сега правиме напори заедно со Водовод да видиме кои се тие критични места каде што треба да функционираат хидрантите”-вели Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид

Потребни се сериозни и темелни промени со цел да се спречи оваа анархија,било да се работи за институции,училишта, хотелско-угостителски или друг вид објекти,вели охридскиот градоначалник Пецаков,кој е член на управниот одбор за ЗЕЛС.

Реклама

“Се случи најголемата трагедија во Македонија која што повеќе од убеден сум дека ќе допринесе за брзо ставање во функција на системот затоа што системот кај нас е дерогиран до долни граници.Од каде знаеме дека поседувањето на елаборат за противпожарна заштита не претставува ручек или вечера во одреден објект, хотели,мора реално да погледнеме на проблемите.Или пак издавањето и мешањето на оние администативци во издавање на употребна дозвола за кабаре” –вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид”

Ништо подобра не е ситуацијата ни во соседна Струга, присетувајќи се на несреќата која се случи на плажата Галеб, пред 15 години каде од струен удар загинаа тројцата видни стружани,граѓаните бараат безбедност.

”Сакаме да бидеме сигурни дека местата кои што ги посетуваме исполнуваат минимум технички услови за тоа.Во градот за жал сведоци сме дека постојат објекти кои што немаат решени противпожарни системи за евакуација,посебни надвореши скалила кои што се задолжителни за сериозни објекти и објекти кои што примаат над 100-тина посетители.Замислете што се би можело да се случи во една несакана ситуација,уште колку животи би можеле да згаснат залудно”-вели Никола Кукинеш-советник

Во Струга 40-тина години не била проверена хидрантската мрежа во градот. Директорот на струшки Водовод уверува дека ја поправиле, но отворено кажува дека немале пристап до новите згради и не знаеле дали воопшто имаат хидранти.