Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Надлежните абер немаат да ги завршат санациите со мостот Беласица

И по речиси една година, мостот Беласица не е пуштен целсоно во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по речиси една година, мостот Беласица не е пуштен целсоно во употреба за сообраќај. Една од најфреквентните делници во центарот на Скопје и понатаму делумно останува затворена за движење на возила, а по него може да се вози само по една лента.

Мостот Беласица освен што  еод витално значење за поврзување на градската сообраќајна мрежа, исто така е клучен инфраструктурен дел под чија конструкција поминува главната топловодна мрежа“.

Што с еслучува со мостот, до каде е санација?  Прашавме во Град Скопје, но како и вообичаено одговор на прашањето не добивме, иако засега голем дел од граѓаните кои секојдневно се соочуваат со сообраќајниот метеж.

Реклама

Во јули минатата година Арсовска тврдеше дека истиот наскоро ќе биде пуштен за сообраќај и дека ќе биде безбеден и дека не станува збор за сериозни оштетувања, но и по една година, работите не се променија, а ознаките дека се извршуваат градежни активности, стојат непоместени. 

Не се знае точно ниту кога ЕСМ ќе ги заврши работите со новиот топловод кој исто така беше оштетен во пожарот, а е значаен за парното. Последното нивно соопштение з ајавноста беше дека тие си ја завршиле работата.

Нашиот дел од работата, во делот на санацијата е завршена. Чекаме да дозволи град Скопје да го монтираме цевководот. За сообраќајот е одговорна градската администрација“, се вели во дописот од ЕСМ за медиумите.

Инаку мостот беше оштетен во пожар минатата година уште во мај. Прво беше целосно затворен за сообраќај и за пешаци, за па по неколку месеци делумно да биде пуштен. Во јавноста останааа неразјаснети многу дилеми и нејасно е зошто доколку стануваше збор само за „козметичка“ санација, таа незавршува ниту по една година. Дел од експертите  предупредија дека испитувањата на мостот по пожарот не беа детални и доволни.

Љубиша Владимиров