Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Над две илјади повици до ЦУК поради синоќешниот снег, состојбата денеска е нормализирана

Снегот ја парализираше Македонија. Блокирани патиштата, заглавени возила и луѓе, А повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Снегот ја парализираше Македонија. Блокирани патиштата, заглавени возила и луѓе, А повеќе од 200 села, населби и објекти останаa без струја.

Најголем проблем, снегот создаде за тешките товарни возила. Речиси цел ден за нив непроодни останаа планинските превои. Најаларматно беше на превојот Стража – Гостивар, Кичево и Крива Паланка. Снежните врнежи го “вжештиja“ и телефонот на ЦУК. Вкупно 2037 повици за итни случаи биле регистрирани во изминатото деноноќие.Според директорот, Стојанче Ангелов, состојбата на терен е многу подобра од вчера.

Службите од „Македонија пат“и во следниве денови ќе имаат работа поради новите врнежи од снег. Директорот Ацевски уверува дека ја имаат под контрола ситуацијата со временските услови. А во однос на работатата на претпријатието се пожали дека, возниот парк не е во добра кондиција.

Реклама

За неажурноста на “Македонија пат”, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од Партијата прстот го вперија во директорот дека повторно го изненадил снегот во ноември. И го повикаа да не се крие, туку да си поднесе оставка.

Според Ацевски, тој си ја завршил работата навремено. А доколку му се утврди било каква грешка во работењето, тој е подготвен да си поднесе оставка. Од УХМР најавија и во следните денови минусни температури и врнежи од дожд и снег.

Ања Лукарова