Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

Над 80 километри патишта за само една година – Делници кои чекаа со децении, конечно се пуштаат во употреба

Над 82 километри реконструирани и нови патишта низ целата држава. Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 82 километри реконструирани и нови патишта низ целата држава. Министерството за транспорт во првата година од мандатот ги заврши делниците за кои со децении граѓаните чекаа да бидат изградени.

Последна беше пуштена во употреба најсложената делница од патот Градско – Фариш, онаа низ клисурата долга над 10 километри. За да се заврши автопатот во вредност од близу 45 милиони евра, како што кажа министерот Николоски била поместена планина

Ова е втората делница, првата беше пуштена во должина од 16,5 километри беше пуштена во јануари. Со ова патувањето за Прилеп и Битола се крати и за половина час а драстично се подобрува и безбедноста.

Реклама

Најавата е дека до крајот на 2027 година ќе има автопат и од Прилеп до Битола.

Експресен пат сега има и меѓу Страцин и Крива Паланка, долг речиси 26 километри.

Исто така беше пуштен во употреба рехабилитираниот Панов мост – Богданци, дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци.

Минатиот месец после цели четири децении конечно се рехабилитираше магистралниот пат Охрид – Свети Наум во должина од 24,3 километри. Овој патен правец е од исклучителна важност бидејќи претставува патна врска со Албанија, и е од особена важност за развојот на туризмот.

Она што е од особена значајност за граѓаните на овој дел на државата е дека се интензивираат работите на автопатот Охрид – Кичево, а се очекува првите 40 км после години чекање да бидат пуштени во употребла следниот месец.

Покрај овие пуштени се во употреба и неколку помали рехабилитации кои се од огромно значење за граѓаните, како делницата Подмоље – Охрид која е пред влез на најголемиот туристички центар во државава и претставуваше сериозен проблем за граѓаните.

За споредба, претходната влада која критикува дека моментално владата се фалела со нивни проекти за седум години владење не доврши ни еден значаен проект и покрај рекордното задолжување …. Мандатот го почнаа со оро и чочек во тунел со зурли и тапани го прославија отворањето на делницата Демир Капија – Смоквица , пат направен од нивните претходници.