Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Балкан

Над 3.000 производи од денеска ќе се купуваат по намалени цени во супермаркетите во Грција

И додека кај нас се очекува нов ценовен шок, во соседна Грција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И додека кај нас се очекува нов ценовен шок, во соседна Грција за да се заузда инфлацијата се воведува мерка со која ќе се намалат цените на над 3000 производи. Производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркетите.

Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи. Според една од мерките, добавувачите се обврзани да ги намалат понудите до компаниите за малопродажба за 30 отсто, со што се намалуваат и цените во маркетите, а вклучени се производи за чистење (детергенти за перење, за миење садови, средства за чистење од секаков вид итн.), како и производи за лична хигиена (шампони и регенератори, гелови за туширање, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени).

Цените на конкретните производи, според надлежното министерство, се намалени од 12,7 со 18, 1 отсто. Меѓу мерките е и воведување плафон на бруто профитната маржа на компаниите кои увезуваат, произведуваат и дистрибуираат бебешко млеко во Грција, што ќе резултира со првични намалувања на цената од околу 15 отсто.

Реклама

Дополнително добавувачите на свежи производи, односно на овошје, зеленчук и месо, се обврзани нивните производи да ги продаваат по нето цени, што ќе придонесе за постепено намалување на цените на конкретните производи во маркетите.

Од министерството за развој на Грција истакнуваат дека „главен приоритет на грчката влада е заштитата на потрошувачите и правилно функционирање на пазарот што ќе доведе до намалување на инфлацијата“.