Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

Националната гарда почна да шета со оружје низ Вашингтон

Припадниците на Националната гарда, распоредени во Вашингтон, по наредба на американскиот претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадниците на Националната гарда, распоредени во Вашингтон, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, од синоќа се вооружени.

Гардистите имаат дозвола да користат сила, исклучиво како последно средство и само во случаи на непосредна закана по животот. Оваа мерка следи откако Трамп изјави дека ќе се справи со зголемената стапка на криминал во Вашингтон.

Во моментов, во Вашингтон се распоредени повеќе од 1.900 припадници на Националната гарда, составени не само од локалните сили, туку и од неколку сојузни држави. Тие патролираат на стратешки локации – околу Белата куќа, Конгресот, споменикот на Линколн, како и на железничките и метро-станиците. На прес-конференција пред три дена, Трамп изјави дека ќе ги направи американските градови „многу безбедни“.

Реклама

Тој најави дека вакви мерки би можеле да бидат преземени и во други градови, како Чикаго, Њујорк и Балтимор, за кои тврди дека се соочуваат со слични безбедносни проблеми.