Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Национална конвенција за ЕУ: Измените на Кривичниот заканик се назадување

Измените на Кривичниот законик се косат со европското законодавство и се донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Кривичниот законик се косат со европското законодавство и се донесоа без да се отвори јавна расправа за последиците, коментираат дел од пофесорите на Правниот факултет кои дел од работната група на Националната конвенција за Европска унија за реформи во правосудството.

Последиците од измените коишто СДСМ и ДУИ ги донесоа лани во септември се застарување на коруптивни кривични дела, а тоа ја поткопа и онака малата доверба на граѓаните во правосудниот систем и ефективноста во борбата со корупцијата, коментира професорката по кривично право Александра Деаноска Трендафилова. Судиите и обвинителите мора да најдат начин да ми го покажат местото на политичарите и да ги држат далеку од правосудниот систем, вели професорката.

Реклама

Измените на Кривичниот законик речиси и да не задржа ниту еден осуден функционер на издржување казна затвор, коментира Мухамед Халили од Советот на амбасадори.

Ланската година владините претставници велеа за измените дека се работи за усогласување на законското решение со директивите на ЕУ.  Тогашната опозиција во парламентот критикуваше дека се работи за обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта.

Законски измени во Собранието ги образложуваше поранешната заменикчка  на министерот од  правда Викторија Аврамовска – Мадиќ. Таа тврдеше дека намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека предлог-измените ќе доведле до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација.

Измените беа остро критикувани од пратениците на тогашната опозиција од ВМРО-ДПМНЕ.

Со нив се избриша делото за злоупотреба на службената положба при вршење јавни набавки со кои се предвидуваше најмалку 5 години затвор. Истот ака за злосторничко здружување наместо 10 години со измените,  казната е најмалку 3 години затвор.