Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нацков: Вложуваме во образованието и развојот на Градско – бесплатна градинка, оброк и стипендии за најдобрите ученици

На истекот од една година од мојот градоначалнички мандат можам само да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На истекот од една година од мојот градоначалнички мандат можам само да кажам дека е тоа всушност петта година во континуитет од нашата заедничка работа – моја и на жителите на Општина Градско во евидентирање на проблемите на општината и изнаоѓање начини за нивно надминување. Довербата на вториот мандат е само потврда дека тоа го правиме успешно, се вели во прес-конференцијата на Киро Нацков, градоначалник на Општина Градско, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиот период реализиравме конкретни и значајни проекти кои донесоа видливи промени и подобри услови за живот за нашите граѓани, директно насочени кон децата, младите и семејствата.

Продолживме и со поддршката за семејствата, преку обезбедување еднократна финансиска помош за секое новородено прво и второ дете, како конкретна поддршка во најважните моменти за секое семејство.

Реклама

Продолжуваме со бесплатната градинка, затоа што секое дете заслужува еднакви можности уште од најрана возраст. Продолжуваме и со бесплатниот оброк за учениците од прво до петто одделение и за нашите најуспешни ученици продолжуваме со стипендирањето на најдобрите, како признание за нивниот труд, знаење и постигнати резултати и како поттик да продолжат да се развиваат и да бидат пример за својата генерација.

А за нашите најмали ученици, првачињата, и оваа година обезбедуваме бесплатни ранци и училишен прибор, за секое дете да го започне своето образование подеднакво подготвено и со насмевка.

Во тек е доградбата на училишниот објект на ООУ„Даме Груев“ за обезбедување на едносменска настава и поквалитетно училишно секојдневие.

Кога станува збор за инфраструктурата, ставивме акцент на подобрување на условите за живеење преку унапредување на уличната мрежа, комуналната инфраструктура и јавниот простор во општината. Се реконструираше улицата 8 Септември (дел 1 и дел3), се асфалтираше и последниот дел од локалниот пат до Манастирот Св.Архангел Михаил од Долно Чичево и се асфалтираше крак 16 во селото Виничани. Се реализираше и проектот „Подобрување на водоснабдување со питка вода“ за населеното место Градско.

Во делот на водоснабдувањето, започнавме и со бушење на нови бунари за питка вода во Виничани и Ногаевци, со цел да обезбедиме дополнителни и посигурни извори на вода и да придонесеме кон долгорочно и стабилно водоснабдување на жителите.

Се обнови и возниот парк на ЈКП „Клепа“ со ново специјално возило – цистерна, со што се подобруваат условите за работа и се овозможува поефикасно и поквалитетно извршување на комуналните услуги за граѓаните.

Посветивме внимание и на уредувањето на просторите наменети за најмладите и за одмор и за рекреација. Уреден е дворот на детската градинка со безбедни и современи реквизити, а во центарот на Градско се уредува нов парк со детски реквизити, тартан подлога и зип-лајн. Дополнително, на амфитеатарот се поставија нови дрвени седишта, со што создаваме поубави, побезбедни и пофункционални јавни простори за сите граѓани.

Се унапреди и спортската инфраструктура со поставување на нови голови на стадионот и монтирање на нови седишта на кошаркарското игралиште, со што создадовме подобри услови за спортување и за организација на спортски настани. Тоа се потврди и преку успешната реализација на турнирите во фудбал „Стоби КУП Градско“ и турнирот 3х3 во кошарка, кои привлекоа голем број учесници и публика и покажаа дека вложувањето во спортот дава конкретни резултати.

Посебно внимание посветивме и на нашите сограѓани од третата доба, за кои обезбедивме бесплатни физиотерапевтски услуги, домашни посети за неподвижните лица, како и бесплатна психолошка поддршка, со цел да им овозможиме подобра грижа, поддршка и поквалитетно секојдневие.

Достојно го одбележавме нашиот патрон Св. Апостол Павле, со богата културно-уметничка програма и традиционалната Фолклоријада, која и оваа година ги собра љубителите на фолклорот и ја промовираше нашата традиција, култура и богатото народно творештво.

Во периодот што следува продолжуваме со нови инфраструктурни зафати. За кратко време ќе се реализира крак 7 од улицата „8-ми Септември“, ќе се реконструира улицата „Борис Трајковски“ во Градско, како и една улица во Водоврати.

Паралелно со тоа, ќе започнеме и со уредување на фасадите во централниот дел на Градско, со цел да добиеме поуреден, современ и репрезентативен изглед на центарот.

Во оваа прилика изразувам јавна благодарност до секој поединец кој со своите предлози, идеи и ангажирања придонесе развојот на општината да се движи по нагорна линија, на сите општествено одговорни фирми кои делуваат на територијата на нашата општина и најголема благодарност до Владата на Македонија која има слух за нашите потреби и ни дава целосна поддршка во напорите Општина Градско да биде пристојно и посакувано место за живеење.