Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 пред пратениците

За четири години, за цели 50 проценти да се намалат сообраќајните незгоди…

Сподели:

За четири години, за цели 50 проценти да се намалат сообраќајните незгоди по македонските патишта, а со тоа и да се преполови бројот на жртви е главната цел на стратегијата за безбедноста на сообраќајот. Според министерот Панче Тошковски, оваа цел е остварлива затоа што податоци за првата половина од годината, од кога е во функција и безбедносниот систем Сејф Сити, бројот на жртви е намален за цели 35 проценти – од 96 на 59. Сепак, оваа бројка е висока, затоа е двојно поголема од европскиот просек. Ако во Европската Унија таа изнесува околу 44 жртви на милион жители, во земјава меѓу 78 и 80. Според него, главната цел на стратегијата е спасување на човечки животи.

  • „Се предвидува до 2030 година бројот на сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година, односно од околу 8.500 на приближно 4.250 незгоди, бројот на загинати лица да се преполови од 142 на 71, а бројот на тешко повредени од околу 1.100 на 550 лица. Стратегијата вклучува и цели за зголемување на употребата на сигурносни појаси и заштитни шлемови на над 90 проценти3 рече министерот Тошковски пред пратениците. 

Според предложената стратегија, која се однесува на периодот 2026-2030 година, клучни приоритети се подобрување на управувањето со безбедноста во сообраќајот, развој на побезбедна патна инфраструктура, зајакнување на безбедноста на возилата, унапредување на сообраќајната култура и едукацијата, како и подобрување на системот за итна помош по сообраќајни незгоди.

  • „Стратегијата е изготвена врз основа на онаа светска рамка која се стреми секоја европска држава да ја оствари, а тоа е Vision Zero и Safe System. Тоа е рамка кога се стреми до крајот на 2050 година да имаме нула човечки животи како последица на непочитување на сообраќајните правила“ – порача Тошковски.

Инаку од воведувањето на „Сејф сити“, за шест и пол месеци евидентирани се над 310.000 прекршоци. Од нив, дури 301.835 прекршоци биле за управување со возило со брзина поголема од дозволената. Системот од пред една недела почна да ги казнува и странските возачи, па така за само шест дена се евидентирани 11 и пол илјади казни или наплатени речиси 150 илјади евра. И покрај тоа што „Сејф сити“ ги дава потребните резултати, полицијата секојдневно врши и заселени контроли на местата каде ги нема камерите од системот.