Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им подари училишни ранци на ученици од Ранковце

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека по повод првиот училиштен ден нејзини претставници ги  посетиле руралните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Ранковце и истоименото училиште во село Герман. 

Директорката на Агенција, Ана Михајлов, и градоначалникот на Ранковце, Даниел Павловски, им поделиле ранчиња на учениците  на настанот на кој домаќин бил заменик-директорот на училиштето, Мартин Маџовски.

-Денес сме тука за да им покажеме на учениците дека се важни и дека поддршката и можностите треба да бидат достапни за сите, без разлика каде живеат. Како Национална агенција, продолжуваме да бидеме присутни и да помагаме таму каде што нашата поддршка е најпотребна – изјави директорката Михајлов.

Реклама

НАЕОПМ соопшти дека посетата е дел од нејзините заложби за поддршка на училиштата и учениците од руралните средини.

-Инклузијата е еден од приоритетите на Националната агенција, со цел секое дете да има еднакви можности за образование и развој. Со ваквите активности Нацоналната агенција испраќа порака дека можностите треба да бидат достапни за сите деца, без разлика каде живеат, се наведува во соопштението на НАЕОПМ.