Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Началникот на ГШ на унгарската армија во посета на Охрид

Македонската армија го става на расплагање Криволак на вооружените сили на Унгарија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската армија го става на расплагање Криволак на вооружените сили на Унгарија. Со инвестициите во патната инфраструктура, објектите, обнова на полигоните за обука,овој армиски полигон прерасна во современ домашен и НАТО капацитет.

Токму пред два дена на Криволкак заврши и најголемата меѓународна вежба во земјава досега со над 2200 војници припадници на армиите од девет земји,меѓу кои и нашата.

„Ние Криволак го нудиме како НАТО капацитет на кој пред се вооружените сили од НАТО државите можат да го користат за реализација на нивни обуки. Ќе го понудиме тоа и на вооружените сили на Унгарија,подготвена е презентација каде што ќе ги презентираме капацитите на Криволак и нормално доколку има интерес, а верувам дека ќе има од страна на вооружените сили на Унгарија истите тие капацитети да бидат користени”, вели Генерал мајор Сaшко Лафчиски, началник на Генералштаб на АРМ Криволак беше само една од темите на кои дискутираа генерал-мајор Сaшко Лафчиски и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија генерал Габор Беренди кој во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, го посети и Кампот за обука на вода во Охрид.“

Реклама

Договорено е наши нуркачи, припадници на специјалните сили да земат учество на нивни курсеви специјално дизајнирани за инструктори во нуркање и тоа е веќе во фаза на реализација. Нормално ќе се отвори простор и за други од доменот на оценување на конвенционални сили, декларирани состојби и ќе видиме во кои други области исто така ќе можеме да најдеме допирни точки за соработка” –истакна Лафчиски.

Двајцата генерали разговараа и за унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на армијата.Унгарија беше една од земјите кои испратија свои сили за да и помогнат на Македонија со огнената стихија која зафати земјава лани лето. Началникот на Генералштабот на АРМ истакна дека на високо ниво е состојбата и со борбената готовност на армијата како по однос на зголемување на персоналот така и во зголемување на финасиските средства кои интезивно ќе се издвојуваат во наредниот период меѓу другото и за опрема на војниците.