Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Набргу нови паркинг-површини во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и секретарот Борче Димитровски продолжија со редовни средби со новинарите, на кои информираа за тековните проекти, планови и програми на локалната самоуправа. На подрачјето на општина Битола набргу ќе има нови пракинг површини, а се размислува и за изградба на катна гаража, најави Коњановски. – Интензивно работиме на еден […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и секретарот Борче Димитровски продолжија со редовни средби со новинарите, на кои информираа за тековните проекти, планови и програми на локалната самоуправа.

На подрачјето на општина Битола набргу ќе има нови пракинг површини, а се размислува и за изградба на катна гаража, најави Коњановски.

– Интензивно работиме на еден од најгорливите проблеми во градот и на сите локации на кои се дислоцираа привремени објекти и во согласност со деталниот урбанистички план ќе има нови пракинг-површини. Во моментот се подготвува паркинг на улицата Браќа Џаферови кај поранешните бараки што ги користеше Министерството за финансии, а се работи и во месноста Кај хеликоптерот и „Ат-пазар“, каде што ќе има поголем паркинг-простор со можности за катна гаража. Набргу ќе го официјализираме паркингот кај т.н. зграда ЈАТ, но и на површина кај поранешната касарна – посочи Коњановски.

Реклама

На редовната средба со битолските новинари градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, информираа за изградба на училиште во населбата Буковски Ливади за изградбата на спортската сала за бокс и борачки спортови и потврдија дека прифатени се оставките на целата управа на ФК „Пелистер“, клуб кој, како што е познато, во следната натпреварувачка сезона ќе биде второлигаш.