Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Набавки без тендер, надоместоци без основа, точење гориво без контрола – ревизија откри низа неправилности во Академијата за судии и обвинители

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, точеле гориво во приватни возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија откри низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, точеле гориво во приватни возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија откри низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година.

Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци без оглед на тоа дали присуствувале на седници, а во одредени случаи исплатите биле вршени и пред самото одржување на седниците. За членовите на Управниот одбор, според ревизорите, така биле исплатени најмалку 211 илјади денари повеќе од законски дозволеното. Кај Програмскиот совет, пак, биле исплатени 747 илјади денари за месеци во кои воопшто не биле одржани седници.

„Ревизијата констатира дека втората фаза од почетната обука за осмата генерација идни судии и обвинители завршила три месеци подоцна од законски предвидениот рок. Наместо до крајот на јули 2024 година, обуката траела до октомври. Поради ова биле исплатени дополнителни 2,1 милион денари за ментори и координатори. Од нив, 1,8 милиони денари биле исплатени на ментори, а речиси 300 илјади денари на координатори“, велат од ДЗР.

Реклама

Членови на комисиите во Советот, наместо да точат гориво во службени возила, ги полнеле сопствените резервоари и тоа без никаква евиденција. Академијата набавила картички во вредност од 325 илјади денари, а сите биле злоупотребени.

„Кај јавните набавки ревизорите утврдиле дека во тендер за кетеринг-услуги бил поставен услов понудувачот да располага со ресторан од прва категорија со четири ѕвезди и капацитет од најмалку 60 лица, критериум кој не бил директно поврзан со предметот на набавката. Дополнително, во текот на 2024 година биле набавени стоки и услуги во вредност од 418 илјади денари без спроведување постапка за јавна набавка, иако законот го наложувал тоа“, се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизијата открива сомнежи и во испитниот процес. Имало испити без соодветна контрола, тестови без сериски броеви и дилеми околу веродостојноста на резултатите. Поради нефункционален електронски систем, кандидатите полагале на хартија, но ревизорите предупредуваат дека нема доволна гаранција дека процесот бил безбеден и транспарентен.

Во меѓувреме, пропаднал и приемот на 130 нови слушатели, откако постапката била блокирана од Антикорупциската комисија и Владата, а конкурсот конечно бил поништен.