Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

На земјава и недостогаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум

На Итната медицинска помош во Скопје, итно и треба помош. На Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Итната медицинска помош во Скопје, итно и треба помош. На Македонија и недостигаат дури 52 медицински тимови, само за да се задоволи законскиот минимум, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Скопје Тетово и Битола се во најзагрижувачка состојба.

“Во Скопје, недостигаат 18 тимови за итна помош.Во Тетово, фалат 10 тимови за да се дојде барем до минимум потребните. По пет тимови им недостигаат на Куманово и на Струга. Законскиот минимум со тимови за итна медицинска помош го задоволуваат само неколку градови: Виница, Демир Хисар, Крива Паланка, Пехчево, Свети Николе и Штип”, се вели во истражувањето на ЦГК.

Тоа што е страшно е тшо еден тим, составен од доктор, сестра и возач во некои места „покрива“ 1.000 луѓе, додека во други градови ист тим покрива дури 40.000 жители. Истражувањето покажува дека, за последните 8 години, на државно ниво има 22 помалку тимови за итна медицинска помош.

Реклама

Најслабо со кадар стојат Тетово, каде има еден вработен на 4.172 жители, по што следат Скопје и Куманово, каде има еден вработен на повеќе од три илјади жители.Слабата покриеност на теренот ја потврдуваат и искуствата на пацинетите.

„Просекот во земјата е 1.350 жители на еден вработен во службата за итна медицинска помош. Некаде има само по две, а на други места и по повеќе од 50 интервенции во една смена. Тимовите за итна помош работат во смени, најчесто во две смени по 12 часа или во три по 8 часа секоја смена. Но, освен во Скопје, каде има 9 тимови во една смена, во сите други градови има само по еден или два тима во една смена, освен Битола каде постојано има 3 тимови“, покажува истражувањето.

Само 11 здравствени центри имаат повеќе од миминалниот број. Најдобро стојат, Делчево, Македонска Каменица, Кичево и Кочани, каде што има дури по три или четири тимови повеќе отколку што е минимумот.

Ниту еден здравствен центар нема евиденција колку вкупно телефонски повици добива со барање за итна помош. Се знае само на колку повици одат. Оттука, не може да се дојде до можеби клучната бројка – на колку од повиците со барање за брза помош всушност доаѓа екипа, посочуваат од ЦГК.