Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

На Запад снег, на Исток одрони: Врнежите од снег предизвикаа проблеми од патниот сообраќај

На запад снег, а на исток одрони. Зимската идила го  отежна сообраќајот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На запад снег, а на исток одрони. Зимската идила го  отежна сообраќајот. Надлежните апелираат да се вози внимателно и со намалена брзина.  Од Македонија пат, информираат дека се уште е на сила забраната за сообраќај на патниот првец Тетово-Попов Шапка. Утринава критично беше и на патниот правец Охрид -Кичево, кај планинскиот  превој Пресека. Извесен период сообраќајот беше во прекин, откако камион се излизга на патот. И додека  во западниот дел на државата, снежните врнежи ги прават првите проблеми, во источниот регион порди одрони на карпи, најкритично е кај Македонска Каменица.

„Од село Истибања кон Македонска Каменица, Делчево-Берово, Берово-Струмица и Берово-Виница. На овие патни правци имаме поинтензивни врнежи од дожд и поголем обем на одрони. Во текот на денот повеќе пати се излегува и се интервенира на сите патни правци„ изјави Влатко Цоневски, од штипската подружница на Македонија пат.

Утринава истокот се разбуди со врнежи од снег. Од штипската подружница на Македонија пат, објаснуваат дека имат доволно абразивен матрејал и механизација, но им недостига технички кадар.

Реклама

„Со абразивен матрејал сите пунктови се обезбедени. Навремено имаме дотур на сол и ризла на секој пункт одделно. Возилата се тие што ги имаме. Секогаш кубуриме со нешто. Сега имаме голем недостаток на работна рака, за разлика од претходно„ изјави Влатко Цоневски, од штипската подружница на Македонија пат.

Засега во источниот регион на државата нема забрана за движење по одредени патни правци, а сите превои кон Пониква, Голак и Берово  се чистат редовно.

Александра Ристевска