Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

На собраниска комисија поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање

На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ.  – Предлог законот за користење на енергија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање.

Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. 

– Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори
воспоставува современа и сеопфатна рамка за поттикнување на производството и користење на енергија од обновливи извори, рече Лабудовиќ. 

Реклама

Тој истакна дека донесувањето на овој закон претставува исполнување на нашите обврски кон енергетската  заедница и претставува значен чекор во процесот на усогласување на нашето законодавство со тоа на Европската Унија, во областа на енергетиката и климатските политики.

Притоа нагласи дека предлог законот обезбедува услови за забрзано зголемување на уделот на енергија од обновливи извори во вкупната финална потрушувачка на енергија, како и за нивна, поефикасна интеграција во електроенергетскиот систем.

– Истовремено, се создаваат предуслови за намалување на зависност од увозна енергија, диверзификација на енергетски извори и јакнене на енергетската сигурност и отпорност на државата во услови на зголемени геополитички и пазарни предизвици, подвлече заменик министерот. 

На седница на комисијата, помина и Предлог законот за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање,  поднесен од неколку пратеници. Образложение за него, даде пратеникот Тони Јаневски. 

Според најавите, целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е да се постигне поголема правна сигурност, доследна примена на изречените забрани и зголемена ефикасност во вршењето надзор, како и спречување на злоупотреби во вршењето на дејноста регистрација на возила.

Комисијата заклучи дека предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.