Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

На рочиштето за „Пулс“ одбраната поставуваше прашања за урбанистичката намена и законската рамка, вештаците останаа на ставот дека објектот бил во зона за лесна индустрија,

-На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите упати серија прашања кон вештаците професор Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои се однесуваат на урбанистичкиот статус на објектот.

Адвокатот на  поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов го праша професорот Марковски дали во Законот за градење постои дефиниција за „угостителска градба“ на што Марковски одговори дека оваа категорија не е посебно издвоена во Законот за градење и дека прашањето повеќе се однесува на Законот за урбанизам. Професорката Душица Анѓелковиќ, пак, појасни дека објектот е во зона за лесна индустрија дека тоа е единствениот доставен урбанистички извод. Вештакот објасни дека тимот работел врз основа на извод од Деталниот урбанистички план, доставен од надлежните институции.

-Предметниот објект се наоѓа во зона за лесна индустрија и мало стопанство. Немавме обврска да го анализираме целиот ДУП, бидејќи беше доставен само изводот за оваа зона- појасни вештакот.

Реклама

Анѓелковиќ додаде дека во ДУП‑овите може да постојат и зони со угостителска намена, но тоа зависи од планската програма и не било предмет на ова вештачење.

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат фокус, одговорност и прекин на одолговлекувањето на постапката.

Мајката Мита Тасева оцени дека голем дел од прашањата кои денес се поставуваат од страна на одбраната се повторуваат и не придонесуваат за утврдување на суштината.

-Кога едно прашање е одговорено, неговото повторување по втор, трет или четврти пат не создава нов факт – само троши време- рече Тасева.

Таа додаде дека се создава впечаток дека наместо соочување со она што го утврдуваат вештаците, се избира тактика која ја развлекува постапката и ја оддалечува од суштината.

Таткото Драги Стојанов побара судот да спречи повторување на веќе поставени прашања, оценувајќи дека тоа е обид да се развлече постапката и да се исцрпат семејствата.

-Сакаат да го одолговлечат судењето и да се откажеме, но ние не се откажуваме. Ќе се бориме за правдата додека чука нашето срце- истакна Стојанов.

Тој нагласи дека семејствата ќе ја бараат правдата и надвор од земјата, доколку тоа биде потребно. 

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување докази. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.