Реклама
Македонија

На полноќ завршува велигденскиот пост, лекарите советуваат да се внимава на исхраната

И пред и по постите да се однесуваме одговорно, а умерената и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И пред и по постите да се однесуваме одговорно, а умерената и разновидна исхрана да ни биде начин на живеење – апелираат лекарите. Седум неделниот пост завршува на полноќ, а во првите денови изборот на намирници кои ќе се конзумираат е многу важен, мрсната храна и прејадувањето може да предизвика сериозни последици по здравјето, велат докторите.

„Да внимаваат во однос на начинот на внесување на храна, бидејќи долг е периодот, овие се најголеми пости и огромен дел од моите пациенти од христијаните постат. Сега да се внимава, од утре се почнува веќе со внесување на храна, апел до сите тоа да не биде во големи количини да не биде заелано со многу алкохол, наеднаш да не биде месо, јајца, сирење, многу протеини, поради тоа што може да изреагираат одредени органи, да се направат панкреатити, жолчки да изреагираат, односно организмот. Така да внимателно да се внесуваат храни во помали количини, постепено еден ден еден вид на храна, наредниот ден постепено за да може желудникот и сите други дегистивни органи да се привикнат во однос на внесувањето на храната, за да нем здравствени проблеми“ вели Лиле Чолакова Дервишова, доктор

Во првите денови по завршувањето на постот исхраната треба да изобилува со зеленчук и овошје, а месото постепено да се внесува. Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден.

Реклама

„Почесто да се јаде во неколку пати во помали количини. Не големи количини на јајца, меса, мрсно, на сето тоа му треба време на организмиот, како што се припремаат за постите, така сега да се припреми секој еден граѓанин којшто постел постепено да внесува и храна. Секако и во здрави услови и кога не се празници ние лекарите препорачуваме да се јаде во неколку оброка да не бидат тие обилни заради панкреасот да го чуваме и да може подолго време да лачи инсулин, инаку ако сето тоа е во големи количини и ако цел ден се гладува, внесете голема количнина на храна му прави шок на целиот организам“ вели Лиле Чолакова Дервишова, доктор

Велигденскиот пост трае 48 дена и е најстрога форма на постење. Освен воздржувањето од мрсна храна и алкохол има и други елементи, а тоа е воздржување од лоши дела и зборови.

Давид Крстевски