Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

На Македонија не ѝ треба агенција за „Пари и спорт“, туку афирмација и ставање крај на корупцијата и непотизмот

Спортот е силен промотор на нацијата,но за остварување на националниот интерес преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортот е силен промотор на нацијата,но за остварување на националниот интерес преку спортот, државата треба да преземе соодветни мерки,во прв ред формирање на министерство за спорт.Од почетокот на осамостојувањето на Македонија, имаше министерство за спорт но од некои политички причини тоа згасна,односно се трансформира во Агенција за млади и спорт, се присетува универзитетскиот професор Марјан Малцев. Македонија треба и мора да се афирмира преку спортот, вели тој.

Од друга стана ќе се подобрат и вложувањата во спортот,сега со ваучерите имаше некои обиди да се поттикне спортот, меѓутоа ќе биде сосема поинаку кога министерството за спорт ќе добива дирекни финансиски сретства од буџетот на Република Македонија.Без соодветни финансиски сретства не може ништо да се постигне.Постојано ние работиме волонтерски и гледате дека скоро до никаде не стигнува”, вели професор доктор Марјан Малцев – Педагошки факултет Скопје

„Министерство за спорт ние имаме од самото формирање на Босна и Херцеговина. Министерство за спорт мора да имате, мора некому да се обратите, ако го немате, тогаш мора да одите по околен пат и тогаш е многу тешко да постигнете било што поврзано со спорт”, вели Борислав Цицовиќ, декан на Факултетот за физичко воспитување, Сараево

Реклама

И додека во светот спортот станува високопрофитабилна активност, Македонија се соочува со горливи проблеми како што се корупцијата и непотизмот.

„Тоа е нешто на што треба да му се стави крај,не ги знам приликите овде, но корупција и непотизам во спортот не смее да има. Спортот е најчист облик на натреварување и вложувањето во тој процес е од најголемо значење”, вели Дарио Новак, професор на Факултет за физична култура Загреб.

Нашите соговорници го делат ставот дека првиот човек кој ќе застане на чело на министерството мора да биде од спортската фела.

 “Важно е да не биде политичка фигура,но мора да постои спрега меѓу политиката и министерството за исполнување на сите наши потреби.Министерот е тој кој ќе се бори за нас во владата”, вели Љубиша Лилиќ – Декан на факултетот за спорт и физичко воспитување, Косово

Само пред 3 години Македонија го живееше сонот кој го сонуваа генерации – нашата национална репрезентација беше дел од европското првенство во фудбал,а голем успех постигнаа и нашите национални тимови во ракомет и кошарка. Да го вратиме сјајот на спортот кој повторно ќе ја сплоти нашата нација како никогаш досега, порачуваат  македонските спортисти,силни поборници за формирање на министерство за спорт.

Росица Голабоска