Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

На Краста за два дена се нанесени 10.000 кубни метри земја

Санацијата на депонијата „Краста“ продолжува со засилено темпо, соопшти на денешната прес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Санацијата на депонијата „Краста“ продолжува со засилено темпо, соопшти на денешната прес конференција диреторот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ. Во изминатите два дена биле нанесени околу 10.000 кубни метри земја за покривање на отпадот и спречување на чадењето.  

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ продолжува со собирање на насобраниот комунален отпад во Куманово. Належните  очекуваат состојбата да се стабилизира во следните седум до десет дена. Томиќ, изјави дека во санацијата се вклучени градежни машини и камиони значителен дел во координација со општествено одговорни компании и со поддршка од други општини.

– Завчера беа нанесени околу 7.000 кубни метри земја, а вчера уште околу 3.000 кубни метри. Во моментов работат три градежни машини, булдожери, кои го расчистуваат теренот. Голема благодарност до сите компании и институции што се вклучија во акцијата – рече Томиќ.

Реклама

Тој кажа дека жителите на Пчиња се задоволни од обемот на работите и дека за време на блокадата претставниците на претпријатието постојано комуницирале со локалното население за да се надминат проблемите со кои се соочувало поради чадењето од депонијата. Тој оцени дека нанесувањето земја и расчистувањето на теренот значително е променет изгледот на депонијата. Томиќ најави идополнителни мерки за контрола на влезот и излезот од „Краста“, засилен видео-надзор, поставување рампи и поправка на оштетените делови од оградата, како и подобрување на осветлувањето.

– Секоја вечер ќе се врши евиденција на возилата и на камионите што носат земја. Во соработка со месното население ќе подготвиме меморандум со „Еко Пчиња“ и ќе формираме мешовити патроли, со цел да не се повтори состојбата што ја имавме до пред неколку дена – најави директорот.

Депонирањето на комуналниот отпад од Куманово продолжува,оти отпадот ќе се покрива со земја за да се спречи повторно појавување чад. Тој потсети дека „Краста“ е нестандардна депонија и изрази надеж дека во наредните години ќе профункционира регионалната депонија во Свети Николе, по што „Краста“ би се користела како претоварна станица.

Во однос на собирањето на сметот, Томиќ информираше дека по прекинувањето на блокадата во понеделникот, камионите на претпријатието повторно ја извршуваат редовната работа. Во акцијата за расчистување на насобраниот отпад биле вклучени и камиони од Кавадарци и од скопското претпријатие „ дел од работите се одвивале и во ноќните часови.

Приоритет е отстранувањето на сметот од централното градско подрачје и околу контејнерите, по што екипите ќе продолжат кон периферните населби и селата. 

– Се надевам дека во следните седум до десет дена состојбата со собирањето и изнесувањето на сметот ќе се стабилизира. Екипите се постојано на терен и ја следиме состојбата во градот и во населените места – изјави Томиќ.