Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

На комисија поминаа предлог законите за измени и дополнувања на законите за ТИРЗ, за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност

На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони  (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони  (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (I фаза). 

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, беше поднесен од група пратеници. Образложение даде пратеникот Даниел Стојчевски. 

-Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони, е, да се забрза и олесни реализацијата на инвестициите, да се регулира статусот на веќе изградените објекти, да се спречат негативни инвестиции, неактивни инвестиции, да се подобри контролата на државната помош и да се создаде поголема правна сигурност во работењето, појасни Стојчевски. 

Реклама

Од група пратеници беа поднесени и другите предлог закони. Сите ќе одат на понатамошна постапка. 

За предлог законите за измени и дополнувања на законите за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, образложение даде пратеникот Бојан Стојаноски. 

-Ние како група на пратеници во разговор со повеќе општини, како и со Дирекцијата за технолошко и индустриски развојни зони, одлучивме дека треба да дадеме една нова можност во овој однос и во ова економско функционирање, каде што голем дел од економските развојни зони и дел од надлежностите ќе ги пренесеме на општините, бидејќи на тој начин сметавме дека со ингеренциите кои што ги имаат општините, треба да имаат прво поголеми ингернции во индустриските развојни зони, но и самите треба да одлучуваат каде ке можат да создадат одредена нова зона,  што ќе биде зелена индустриска зона и на тој начин да основни инструменти што ги имаат во надлежност, одат во насока на збогатување на понудата што ке ја даваат кон економските оператори што сакат да инвестираат во нивните општини, рече Стојаноски. 

Тој се осврна и на законското решение што треба, како што додаде,  да ја реконфигурира енергетската политика во државата, што ќе оди во насока на раст на енергенси и заштеда на повеќе средства на граѓаните 

-Со носењето на овој закон, нашата држава ќе исполни една важна обврска,  но сакавме суштински да внесеме еден дел што треба да регулира еден многу важен дел од македонското општество, а тоа е дигитализацијата на процесите во кој што сите оние што се од карактер на ноќни клубови, кабареа и така натака, ќе имаат можност да добиваат лиценци, појасни Стојаноски за предлог законот за измени и дополнувања на законот за угостителска дејност.

На седницата беше прифатен еден од амандманите во врска со овој предлог закон, а четири други беа одбиени.