Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

На ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето

Министерството за правда соопшти дека на ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда соопшти дека на ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето.

Со предлог-законот, како што наведува, се нудат решенија за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во процесите на креирање и спроведување на јавните политики.

– Со предложените измени се проширува опфатот на лобирањето на процесите на донесување, изменување, спроведување и евалуација на јавните политики, се прецизираат правилата за застапување на јавниот интерес, се зајакнуваат механизмите за спречување прикриено и недозволено лобирање, вклучително и преку дигитални канали и социјални мрежи, се воведуваат обврски за органите кај кои се лобира во однос на одговорот и остварувањето на контактите и се унапредува транспарентноста преку објавување информации за учесниците, застапуваните интереси, иницијативите и официјалните средби – истакнува Министерството.

Реклама

Со предложеното решение се зајакнува и надзорот и контролата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и се предвидуваат нови и повисоки прекршочни санкции за непочитување на законските обврски.

– Целта е да се создаде појасен и поефикасен систем во кој лобирањето е легитимен и транспарентен инструмент за учество во креирањето јавни политики, а истовремено се спречува прикриеното и недозволено влијание врз јавните одлуки – напоменува Министерството за правда.