Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

На дел од патиштата на територијата на Карбинци ќе се постават камери

Дел од територијата на Општина Карбинци ќе  биде опфатена со проектот „Безбеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од територијата на Општина Карбинци ќе  биде опфатена со проектот „Безбеден град“, односно поставување камери, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци.

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов вели дека камери треба да се постават на повеќе локации со цел граѓаните, пред се возачите да бидат внимателни и одговорни, но и безбедени. Тој посочи дека кога станува збор за безбедност на регионалниот пат во село Стар Караорман, кој ги спојува општините Штип и Карбинци е црна точка во сообраќајот. За тоа реагираат и граѓаните, па повеќе од потребно е поставување на камери за регистрирање на прекршоци.

-Дел од нашата територија на Општина Карбинци ќе биде опфатена со системот на „Безбеден град“, и ако искрено ме прашате мене како градоначалник, дали е добро – да, сметам дека е добро, затоа што секој еден наш сограѓанин најважно е прво да биде безбеден, да се чувствува безбедно и да се заштити. Треба да се почитуваат правилата, законите, рече Паунов.

Реклама

Тој додава дека според статистиката на Министерството за внатрешни работи Карбинци се наоѓа во првата група по сообраќајни несреќи и жртви.

-Неодамна имаше еден настан поврзан со МВР, преку кој се покажаа бројки на општините како индикатори, какви несреќи и колку жртви се имало од сообраќајни несреќи. Јас се изненадив бидејќи Карбинци е во првата група со најмногу жртви по глава на жител, рече Паунов.