Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

На 5 септември Скопје ќе дише во духот на Веспата

Следната сабота Скопје ќе биде центарот на Веспа – мотоциклите. На паркингот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следната сабота Скопје ќе биде центарот на Веспа – мотоциклите. На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ не само љубителите на Веспа, туку и сите заинтересирани ќе може да уживаат во целодневен настан посветен на овие симпатични италијански мотоцикли кои се почесто се сретнуваат по македонските улици.

Настанот нуди можност да се видат уникатни модели на Веспа, но и да се ужива во добро познатата италијанска храна како пица, фокачо сендвичи, италијанско кафе и примамливиот аперол, а сето тоа ќе биде зачинето со пет диџеи и двочасовен музички перформанс предводен од Кали & Гуру Харе бенд.

Идејата за еден ваков уникатен настан потекнува од Веспа клуб Скопје по повод 80-годишнината од раѓањето на Веспа. 

Реклама

– Оваа година е јубилејна 80 година од раѓањето на идејата за Веспа. Во 1946 година првпат е промовиран моделот на Веспа кога семеството Пјаџо ја воспоставува идејата да ја мобилизира цела Италија. Тие изработувале борбени авиони и практично од крило на еден борбен авион е изработена веспата, вели Митко Теохаров од Веспа клуб Скопје.   

Централната прослава со која е одбележана 80-годишнината од раѓањето на Веспа се одржа во јуни во Рим, настан на кој учествуваше и Веспа клубот од Скопје. 

– Со тие импресии ја носиме Веспа во Скопје. Практично на Скопје сакаме да му дадеме целодневен голем настан. Покрај натпреварите во три диципилини кои се наменети за веспа ентузијастите, настанот е отворен за сите –од најмала до најстара возраст, појаснува Теохаров. 

По поминати 2.000 километри со веспи до Рим, срцето на Италија, овие македонски ентузијасти го развиоруваат македонското знаме покрај Колосеиумот во Рим во присуство на 25.000 учесници од 68 држави од светот. Теохаров вели дека на тоа се особено горди. 

– Идејата за Веспа се родила во 1946 година, но во 1953 година со снимањето на филмот „Роман Холидеј“ (Празник во Рим) со Одри Хепберн и Грегори Пек, Веспа доби светска слава. Ние на истите тие улици испишавме историја со самото тоа што го развиоривме македонското знаме. На тоа сме навистина горди бидејќи бевме дел од 25.000 веспи со претставници од 68 држави од цел свет кои тој ден беа во Рим, вели Теохаров. 

Настанот во Скопје ќе биде поделен на два дела и ќе трае од 12 до 22 часот. Главните активности се закажани од 12:00 до 15.30 часот. Потврдено е присуство на италијанскиот амбасадор во земјава, а се очекува да има и претставник од Град Скопје. 

Теохаров открива дека ќе бидат изложени и ретки модели на Веспа и неколку олдтајмери од италијанските марки Фиат и Алфа. 

Се очекуваат околу 40 до 50 натпреварувачи кои ќе ги покажат своите вештини во три дисциплини – вешто возење, споро возење и 60 метри најбрзо време.

– Тоа не се обични натпревари. Тоа не е звук, агресија, сила, туку повеќе дисциплина и трпеливост, објаснува Теохаров. 

За најуспешните се обезбедени награди, а првата награда е кацига, бидејќи вели Теохаров, отсекогаш ја проомовирале веспа културата или поинаку кажано, возење според сите сообраќајни правила и прописи.  

Во земјава има четири регистрирани веспа клубови – два во Скопје, еден во Прилеп и еден во Дебар кои се очекува да присуствуваат на настанот во сабота. 

Настанот има и регионален карактер бидејќи веќе е потврдено присуство и на претставници од Србија. 

-Сакаме на Скопје да му подариме нешто поразлично и се надеваме дека ќе премине во традиција, вели Теохаров.